18.40 Во незгода што се случи попладнево околу 15 часот на планината Галичица, тешко повредена е парагладеристка од Украина. Таа изгубила контрола додека летала во неповолни услови и паднала во близина на Mакедонско-албанската граница.

Во моментот кога украинската параглајдеристка го изведувала летот, зад неа летал уште еден параглајдерист. При тоа  на девојката и  се случилл колапс на крило, поради што дошло до неконтролирано движење на нејзиното летало во правец на Албанија. Таа отворила помошен падобран, но јачината на ветерот, придонела за пад при што била носена од ветрот низ падина околу 200 метри.

Другиот параглајдерист ја забележал незгодата и се упатил да и помогне.


Неофицијално, девојката има повреди на рбетот и на екстремитетите, но е вон животна опасност. Во моментов се очекува таа со хеликоптер да биде транспортирана, најверојатно во Клиничкиот центар во Скопје, а на готовс е и екипата за спасување на планина и непристапни терени на Црвениот крст – Охрид, која веднаш по инцидентот пристигнала на местото на настанот и ги лоцирала параглајдеристите 650 метри на аллбанска територија.

Акцијата за нивно извлекување се одвива во координација помеѓу македонските и албанските власти.

Неофицијално дознаваме дека параглајдеристите биле туристи. Тие самоиницијативно, без соодветна логистика, се упатиле во опасна авантура, во услови на неповолен и силен ветар, на што биле предупредени од искусни македонски летачи, кои од тие причини ги откажале своите летови и се симнале од Галичица.

Истрагата која ќе уследи ќе треба да утврди дали украинските параглајдеристи имале дозвола за летање и колкаво летачко искуство имале.

OhridNews