
На новинарско прашање кој ја сноси одговрноста за неуспехот на преговорите Ванхауте рече дека сите претставници на политичките партии се подеднакво одговрни.
Во петок нема да има преговори за реформите во медиумите, туку се очекува да биде објавена оценката на ЕУ и САД за подготвеноста на замјата за организирање на избори.
Главно копјата вечерва се кршеа околу составот на советот на Агецијата за медиуми. Се обидуваме да најдеме добри решенија за да бидат навистина независни, бидејќи тоа е многу важно за сите и за да може да функционира правилно, изјави белгискиот експерт Питер Ванхауте.
OhridNews
извор: „Телма“











