Од СВР Охрид со официјално соопштение во врска со сообраќајната незгода што се случи утрово, во 9.35 минути на булеварот „Железничка“, а во која животот го загуби Цветко С. (61) од Охрид.
Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот, на необележан пешачки премин ја преминувал коловозната лента од едната на другата страна.При тоа, во него удрило патничко моторно возило марка „Пежо 207“ со охридски регистарски таблици управувано од 24- годишно лице од Охрид. По незгодата, поради здобиените тешки телесни повреди, сега починатиот, итно бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде по кратко време им подлегнал на повредите.
На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на истражен судија, јавен обвинител, овластен сообраќаен судски вештак како и полициски екипи од станицата за безбедност во патниот сообраќај Охрид. Врз патничкото моторно возило е извршен вонреден технички преглед. За време на увидот, сообраќајот на булеварот „Железничка“ се одвиваше по една коловозна лента.
OhridNews