Како што и беше најавено од страна на стручни лица, тлото во Охрид и околината постепено се смирува. По вчерашниот мирен ден кога беа евидентирани само два послаби земјотреси со интензитет од околу 2 степени, во текот на ноќта и утрово беа регистрирани неколку умерени земјотреси.

Во 2.12 часот регистриран е земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтер со епицентар на 9 километри североисточно од селото Косел на длабочина од 2 километри.

Послаби земјотреси со јачина од 2.6 до 2.8 степени се евидентирани во 4.16 часот и во 5.05, а во 4.37 и 4.39 часот потреси со јачина од 3.3 степени.

Од 18-ти јуни во охридскиот регион се регистрирани повеќе од 1200 земјотреси.

OhridNews