Денеска, на 84-годишна возраст, почина охриѓанецот Георги Боев, првиот и досега единствен министер за спорт во Македонија, кој беше дел од владиниот кабинет предводен од Љубчо Георгиевски.

Боев е роден во 1935 година во Охрид. Дипломирал на Високата школа за физичка култура во Белград во 1961 година, а магистрирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1981 година. Во 1990 година докторирал на Факултетот за физичка култура во Скопје (1990). Работел во Средното фискултурно училиште (1962–1965), во Вишата школа за физичка култура (1965– 1978), предавач и редовен професор по гимнастика на Факултетот за физичка култура во Скопје (1978–1999), каде што бил и декан во периодот од 1997 до 1999 година и министер за млади и спорт (1999– 2001).

Посмртните останки на Боев ќе бидат изложени во капелата при охридските Градски гробишта од 14 до 15 часот.

 

OhridNews