13.50 Автобускиот сообраѓај од и кон Охрид денеска е во целосен прекин. Поради големи наноси од снег воведена е забрана за сите видови возила на планинскиот превој Пресека. Како што не информираа полицијата ги враќа и леките коли, кои од Кичево за Охрид се пренасочуваат преку Битола. И на овој патен правец сообраѓајот се одвива крајно отежнато. Утрово повеќе часа во целосен прекин беше сообраќајот преку планинскиот превој Ѓавато поради извртување на товарно возило. Околу 13 часот проблемот е отстранет но од предострожност на сила сеуште е забрана за тешки товарни возила и автобуси, а за автомобилите задолжитрелна е употреба на зимска опрема.

 Од АД „Галеб“ Охриод информираат дека автобусот кој требаше дасе обраѓа на линијата Охрид – Скопје преку Битола во 13.30 часот е вратен на излезот од градот од страна на полицијата. Според информациите со кои располага еден од најголемите автопревозници во земјава превојот Пресека ќе биде затворен најмалку до 17 часот поради што многу е веројатно денеска да бидат одложени сите патувања кон Скопје преку Кичево. За секоја измена, од „Галеб“ најавија дека благовремено ќе ги информираат граѓаните.

АМСМ 12.00 Поради интензивни снежни врнежи во текот на целата ноќ сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива отежнато, во зимски услови по влажни коловози на места со остатоци од снег. Забрана за движење на секаков вид на возила има на патните правци Маврово – Дебар, Дебар – Струга, с.Маврово – Никифорово – Леуново – крак Маврово и планинскиот превој Пресека. Поради сообраќајна незгода на патниот правец Охрид- Ресен од 11:00 часот во прекин е сообраќајот за сите видови на возила. Од 11:30 е воведена задолжителна употреба на зимска опрема за секаков вид на возила на патниот правец Гостивар – Тетово. За тешки товарни возила, забрани за сообраќај има на планинските превои Стража, Буково, патниот правец Струга – г.п. Ќафасан, Крива Паланка – г.п. Деве Баир и Тетово – Попова Шапка. Во 07,30 укината е забрана за тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар. Во 12,00 часот е укината забрана за тепки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато. На возачите им се препорачува крајно внимателно возење, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.

OhridNews