
-Ова е потвредено од извршениот увид предводен од Јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство од Кичево како и од медицински екипи од Општата болница во Кичево кои на лице место извршија медицински преглед. По извршениот увид, а по насоки на Јавниот обвинител, телото на сега починатиот е предадено на неговото семејство, изјави за OhridNews потпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Безживотното тело е забележано утрово во 08 часот и 35 минути на потегот помеѓу кичевските села Раштани и Горни Длапкин дол. Било видено од група граѓани од селото Раштани.
Инаку, вчера во 16 часот и 30 минути, во полициската станица во Кичево, како исчезнато лице е пријавен сега починатиот Софески, за што веднаш е известен надлежниот Јавен обвинител и оформена е екипа за вршење потрага.
Горан Софески беше поранешен шеф на военото разузнување, а во рамките на својот ангажман има откриено голем број афери, меѓу кои и онаа за шверцот со армиското оружје.
OhridNews











