Пред седиштето на Црвен крст Охрид, денеска, беше поставен контејнер за донирање облека, кој е донација на Алфа банка.
-По примерот на европските градови и во Охрид, во било кој период од денот, граѓаните ќе можат да донираат облека, ставајќи ја во контејнерот за облека, која понатака волонтерите на Црвениот крст ќе ја селектираат и доставуваат до оние на кои им е најпотребна.-информираат од организацијата.
Овој проект се реализира во рамки на соработка со корпоративниот сектор на Црвениот крст.
OhridNews