Земјотрес со јачина од 2.6 степени по Рихтер вечерва во 22.19 часот е почувствуван во Охрид. Епицентарот на потресот бил 9 километри југоисточно од Охрид.

Претходно, во 16.02 часот регистриран е земјотрес, кој според првичните информации, бил со јачина од 3 степени. Епицентарот се наоѓал на 8 километри оддалеченост од Косел, на длабочина од 2 километри.

Претходно, во текот на денот беа регистрирани два помали земјотреси со јачина од 2.2 степени и тоа во 5.53 часот и 11.22 часот. Потрес со јачина од 2.7 степени беше евидентиран и вчеравечер во 21.48 часот со епицентар на 5 километри од Косел.

По серијата земјотреси со посилен интензитет кои се случуваа во изминатиот период, тлото постепено се смирува, при што повремено се регистрираат поедини потреси со помал и умерен интензитет.

OhridNews