Пожар попладнево избувна во внатрешноста на хотелот Магнус во охридската населба Далјан.

На местото на настанот веднаш интервенираа екипи на Територијалната противпожарна единица Охрид, кои работат на локализирање на пожарот.

Пожарот за кусо време беше локализиран и спрешено беше негово ширење, ни изјавија по интервенцијата од ТППЕ Охрид.

На местото на настанот пристигнала и екипа на полицијата, а истрагата треба да утврди, што го предизвикало пожарот во празниот објект.

Хотелот Магнус со години не работи и буквално се распаѓа, а околината е обрасната со висока трева и вегетација. На овој простор со површина од 18 хектари со години се најавува изградба на нов туристички и деловен комплекс. Во 2016 година охридската локална самоуправа најави дека на овој потег од крајбрежјето во наредниот период е планирана и изградба на Конгресен центар, кој треба го гради „ЕЛЕМ“, но до овој момент нема ништо од тоа.

Г.М.