Синоќа околу 21 часот, избувнал пожар во фабрика за пелети во селото Опеница кој од страна на охридските пожарникари бил целосно изгаснат половина час по полноќ.
Како што информираат од Противпожарната единицица, првичните податоци укажуваат дека причина за пожарот кој избувнал во Системот за одведување дрвена прашина и пилевина, е човечко невнимание .
Материјалната штета допрва ќе се проценува, а истражните органи работат на расветлување на случајот.
OhridNews