Поради обилни врнежи од снег што го зафатија Истанбул, синоќа беше одложен дерби натпреварот од последното коло од фазата по групи во Лигата на шампиони помеѓу Галатасарај и Јувентус.

Средбата беше прекината во 31-та минута при резултат 0:0. 

Како што информираше УЕФА, прекинатиот натпревар помеѓу Галатасарај и Јувентус, ќе биде доигран денеска, среда, во 15 часот по локално време, односно 14 часот по македонско време.

OhridNews