Фотографијата “Reflections” – “Отсликување”, на младата и талентирана Филис Ајруш, член на Фото клубот Охрид и студент по архитектура, освои прва награда и златна плакета на меѓународниот конкурс што беше распишан во рамки на проектот “Watеrnet”, што со средства од европските фондови заеднички го реализираат општина Охрид од Република Македонија и Воден од Грција.
Наградената фотографија на Филис Ајруш
„Водата е основен импулс за живот, претставена како тивка и мирна основа врз која лежи силуетата на градот Охрид која силно сјае над неа како знак на благодарност за подарениот живот.“ – вели првонаградената Филис Ајруш.
Меѓу првонаградените фотографии е и фотографијата “Survival” – “Преживување” на охриѓанецот Пеце Настевски.
-Сликата наречена “Survival” (Преживување), допре до организаторите на проектот Waternet. Едноставно преживувањето е во сржта на луѓето како и на животните и во секојдневиот живот постојано е во и околу нас. – вели професионалниот фотограф Пеце Настевски.
Златни плакети уште добија Анастасија Коузи, Роула Мустака и Кирјаки Чамбеу.
Второнаградени на меѓународниот конкурс се охриѓаните Димче Коруноски и Ѓоко Симјаноски, како и грчките фотографи Марија Симеониду, Христос Јацис и Фотис Килипирис, додека трето место и бронзени плакето освоија oхриѓанката Михаела Коваческа, Трифон Кицос, Лефтерис Хамалидис, Димитрис Ефтимиадис и Костантинос Алиферис, сите од Грција.
Наградите беа доделени на свеченост што се одржа во хотелот „Миленим Палас“ во Охрид.
OhridNews