Поради нарушување на јавниот ред и мир и омаловажување на полициски службеници, полициската станица од Струга, поднесе две прекршочни пријави против 31- годишниот Величе Шумуликоски, познат фудбалски репрезентативец од Струга.

 На Нова година околу 02 часот, пријавениот  во видно алкохолизирана состојба, на улицата “15 Корпус” во Струга, најпрво започнал караница и на висок тон, расправија со негов сограѓанин. Во моментот кога приојавениот се обидел и физички да го нападне сограѓанинот бил спречен од полициските службеници, кои, за кратко време пристигнале на местото на настанот. Револтиран од преземените законски овластувања, фудбалскиот репрезентативец вербално се нафрлил и на полициските службеници, кон кои упатил вулгарни навреди и закани.

 – Со таквото дрско и непристојно однесување пријавениот продолжил и по неговото приведување во полициската станица. Таму, на висок тон, освен кон полициските службеници, упатил навреди и кон помошникот командир на полициската станица. Приведениот се заканил дека само со еден телефонски разговор ќе ги сменел од нивните работни места за што бил подготвен да плати 100.000 евра, соопшти СВР Охрид.

Поради одбивање да биде алкотестиран,  полициската станица од Струга, против Шумуликоски поднесе уште една прекршочна пријава.

Во изјава за медиумите таткото
на Величе Шумуликоски, Крсте Шумуликоски, објаснува дека неговиот син бил без причина навредуван
од момчето пред кафулето и дека не е доволно јасно зошто бил пренесен во
полициска станица.

OhridNews