Од општинската СДСМ  реагираат во врска со најавите на локалната власт за задолжување со кредит од 1,75 милиони евра и како што беше кажано, „почетокот на ерата на капитални инвестиции во Охрид“.
 
– Граѓаните знаат дека километри нови улици, тротоари, канализациони и водоводни системи, плочници, санирани и осветлени улици, потпорни ѕидови, одводни канали; десетици изградени детски игралишта и паркови; десетици реконструирани и опремени училишта, детски градинки, фискултурни сали, системи за греење; пет нови кружни раскрсници, сообраќајни сигнализации, велосипедски патеки, паркиралишта; целосно надградена и реконструирана Гимназија; целосно нова инсфраструктура во руралните средини – сето тоа беше реализирано од претходната локална власт на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески не со буџетски средства, туку со најавено кредитно задолжување, во Охрид ќе  градат 2 раскрсници, ќе се рехабилитираат 8 улици и ќе се купуваат 5 возила за ЈП „Охридски комуналец“, велат од ОО на СДСМ.
 
Од локалната самоуправа во целост ги отфрлаат ставовите изнесени од страна на СДСМ.

– Оваа партија се обидува да ги измами граѓаните дека во нивно време во Охрид се градела инфраструктура, а сите добро знаат дека се што наброиле и го изградиле е со сомнителен квалитет и уште посомнителни износи на фактурите , кои власта од СДСМ никогаш не ги плати и градот го остави во милионски долгови, а органите на прогонот ја испитуваат веродостојноста на високите фактури за делата кои зад себе ги остави власта на СДСМ во Охрид. Претходната локална власт на СДСМ, градот го остави со над 34 милиони евра долгови, над 400 судски извршни решенија кои се наплатуваат преку извршители и на кои дневно се плаќа камата од 14 000 евра, како и над 500 судски спорови против Охрид кои ги водат доверителите и кои сигурно вртоглаво ќе го зголемат долгот, велат од локалната самоуправа.

Оттаму, додаваат дека што се однесува на критиките дека со кредит ќе се опремува ЈП Охридски комуналец, градоначалникот ги потсетува официјалните лица во СДСМ дека во нивно време ова јавно претпријатие се ” до опремуваше ” со купени возила на старо, произведени во минатиот век, целосно амортизирани , а заради нивната старост за некои од нив повеќе во светот не се произведуваат ни резервни делови, па инвестициите во опрема од раководствата на СДСМ денес скапуваат на паркингот во претпријатието бидејќи не се оперативни.

Исто така, од ОК ВМРО-ДПМНЕ со реакцијата по изнесените ставови од општинската СДСМ, истакнувајќи дека претходната локална власт ја остваила општината и јавните претпријатија со одлг од над 33 милиони евра и заведени 48 судски спорови.

„Новата локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ по однос на стари и нови фактури   успеа да го намали долгот на општина Охрид за 268. 166. 784.00 денари. Паралелно на тоа се работи на стабилизација на јавните претпријатија досега, општината преку својот буџет до нив трансферира 66.164.413.00 денари. До основните училишта од својот буџет трансферира 16. 550. 645.00 а до средните 7. 910. 093. 00 денари. За релативно краток период од само една година и неколу месеци новата локална власт предводена од ВМРО –ДПМНЕ асфалтира над   30 400 метри квадратни улици во општина Охрид. Покрај асфалтирањето, поставена е и нова водоводна, атмосферска и канализациона мрежа. Во рамки на инфра структурните зафати изграден е мал плоштад кај некогашниот објект на градската библиотека а Охрид доби и уреден градски влез. Средено е и старото градско јадро   со оплеменети   јавните површини. Нов лик доби и населбата Канео.     На радост на помладите но и на повозрасните изминатава зима Охрид го доби лизгалиштето на мраз кое беше вистинска туристичка атракција. Охрид го доби и повеќе наменското спортско игралиште во населба Лескајца.“ – реагираат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

OhridNews