Обновено: Пресека сеуште не е расчистена, автобусите на „Галеб“ за Скопје сообраќаат преку Битола
13.02.12 22:00
Планинскиот превој Пресека сеуште не е оспособен за безбедно одвивање на сообраќајот. Од двете страни полицијата, наизменично ги пропушта само автомобилите и тоа по неколку возила на кратки временски интервали. За сите останати возила превојот е затворен за сообраќај поради голомразица и замрзнати остатоци од снег на коловозот.
Од А.Д. „Галеб“ информираа дека автобусот кој сообраќа на линија Охрид – Скопје преку Кичево во 10.45 не отпатува, а автобусот што тргнува во 13.45 за Скопје ќе се упати преку Битола.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива отежнато, во зимски услови по влажни коловози на места со остатоци од снег, и лизгави поради ниските температури и појавата на голомразица. На патниот правец Маврови Анови – Дебар во сила е забрана за движење на секаков вид моторни возила. Не е прооден патниот правец с.Маврово-Никифорово-Леуново-Бунец.
Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Струга- граничен премин Ќафасан, на планинските превои Стража и Буково. На Попова Шапка повторно е воведена забрана за сообраќај на автобуси. На повисокиот дел на планинскиот премин Плетвар има магла со видливост до 50м. На возачите им се препорачува крајно внимателно возење, прилагодена брзина на движење по лизгавите и со остатоци од снег коловози и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.
Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за 2025 година Во оваа насока утре во просториите на СВР Охрид во периодот од 9 до 12 часот ќе се одржи крводарителс...
Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски денес во Охрид оствари средба и работен состанок со албанската делегација предводена од министерот за надворешни работи, Игли Хасани Разгов...
Во рамки на Вевчанско Лето 2025, во четврток 10 јули, во Домот на култура во Вевчани ќе биде изведена театарската претстава „Чиста куќа“ во режија на Тамара Стојаноска, а во продукција на НУЦК „Мар...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.