Претседателот на кумановскиот суд, неофицијално, е меѓу осомничените за кривичните дела за коишто полицијата апси во повеќе градови низ Македонија. Од Основното јавно обвинителство соопштуваат дека едно од осомничените лица врши висока функција во Основниот суд во Куманово и се гони за злосторничко здружување и за злоупотреба на службената положба и овластување. Судскиот совет веќе одржа итна седница на којашто му е одземен имунитетот на претседателот на судот на барање на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје.

Обвинителството спроведува истражна постапка против 12 лица, а дел од нив веќе се на распит во Основниот суд Скопје 1. Останатите 11 осомничени се гонат за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Лихварство, Изнуда и Криумчарење мигранти.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен обвинител предложи до Судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје за сите дванаесетмина да се определи мерка Притвор.

OhridNews

извор Макфакс