На конгрес што ќе се одржи денеска во Скопје опозициската СДСМ ќе ги објави имињата на носителите во 6-те изборни единици кои ќе ги предводат пратеничките листи на предвремените парламентрани избори на 11 декември.
Како што дознава OhridNews, листата во 5-та изборна единица во која се наоѓа Охрид ќе ја предводи потпретседателот на СДСМ Радмила Шеќеринска, а на листата помеѓу првите десет се најдоа двајца охриѓани. Неофицијално претседателот на општинската организација на СДСМ Томислав Тунтев ќе биде реден број три, а советничката Жаклина Лазареска се најде на 9-та позиција на листата за пратеници во петка.
OhridNews
Незадоволство и оставки во СДСМ по објавувањето на пратеничките листи