ДПА ги исклучи од своите редови членот на претеседателството и актуелен градоначалник на Струга Зиојадин Села и претседателот на општинскиот огранок во овој град Лавдрим Елмази.

Ваквиот потег уследил по синоќешната одлука на струшкиот огранок да ги замрзне сите активности за претстојните избори, во знак на незадововолство од персоналниот состав на кандидатската листа за пратеници во 5 ИЕ. Огранокот во Струга го обвини раководството на ДПА дека без консултации со базата ја составило кандидатската листа, што предизвикало револт кај членството, кој негативно ќе влијае на изборните резултати.

Лидерот на ДПА Тачи тогаш истакна дека листите се утврдени низ демократска процедура и се конечни, но струшкиот огранок не се согласува со тоа, поради што локалното раководство прогласи политички мораториум, кој како што е најавено ќе трае до завршување на изборите.

Кандидатската листа на ДПА во петката ја предводи Зија Јонузи, на кого најмногу забелешки имало во огранокот. Според извори од партијата токму тој и Нафи Доко ќе ги заземат местата на Села и Елмази во струшкиот огранок на ДПА, од каде и покрај нашето инсистирање денеска не успеавме да добиеме изјава во врска со партиските превирања.

OhridNews