Поранешниот градоначалник на општина Охрид е приведен во акцијата на МВР спроведена рано утрово. 

Оваа информација за OhridNews ја потврди портпаролот на МВР, Иво Котески кој рече дека во текот на денот ќе бидат изнесени повеќе информации околу акцијата.

Неофицијално во акцијата се приведени повеќемина блиски соработници на екс градоначалникот, вработени во општинатa и бизнисмени, под сомнение за финансиски криминал. 

Како што дознаваме дел од приведените се прoследени на натамошно постапување во истражниот затвор во Скопје,  а останатите биле задржани во Охрид. Дел од приведените во Скопје претпладнево се изведени пред истражен судија.

OhridNews