Република Франција со повелби им се заблагодари на организаторите на Фестивалот на француски филм, за придонес и несебично залагање за 5 годишното успешно организирање и промовирање на францускиот филм во Охрид.

По тој повод амбасадорот на Република Франција во Република Македонија Жан Клод Шлумберже им додели повелби на министерската за култура на РМ, Елизабета Канческа Милеска, на градоначалникот на општина Охрид Александар Петрески и на извршниот директор на фестивалот Зоран Вељаноски – Летра.

 
Министерката Канческа-Милевска на отварањето петтото издание истакна дека Филмскиот фестивал е значајна манифестација која придонесува за промоција на градот Охрид, Македонија, македонската кинематографија, но и за зајакнување на културните врски меѓу двете држави.

Градоначалникот Петрески , признанието го добива за неговиот личен придонес и придонесот на општина Охрид во организирањето на Фестивалот на францускиот филм.


Според  извршниот директор на фестивалот Вељаноски, петгодишниот јубилеј на фестивалот е потврда дека манифестацијата прерасна во француско-македонски културен настан од особена важност за филмот и кинематографијата. 

Признанија за организаторите на Фестивалот на француски филм
OhridNews