Во текот на денот се изврши и снабдување на жителите со храна и лекови по воздушен пат, а со хеликоптер беше извршена и евакуација на 30 годишен жител на Јабланица, кој во сериозна здравствена состојба бил пренесен во струшката болница.
Жителите на Јабланица во повеќе наврати, во текот на изминатите денови, упатија апел до надлежните со цел да се помогне во расчистувањето и пробивањето на патниот правец кој преку селата Лабуништа и Боровец води кон Јабланица.
Студот денеска ја однесе и првата жртва во селото. Од премрзнатост во својата трошна куќа почина 87 годишна старица.
Локалното население кое е потресено од немилиот настан, сега се соочува и со проблем као да се изврши погребот на починатата закажан за утре, бидејќи селото буквално е завеано во снег.