Со полагање цвеќе на бистата во училишниот двор на ОУ „ Григор Прличев“ и полагање лавров венец и свежо цвеќе пред бистата на поетот кај охридската библиотека, денес продолжија „Прличевите беседи“.

Во охридската библиотека, попладнево се изврши и презентација на ЦД издание ( во аудио форма) за животот и делото на Прличев до објавувањето на поемата „ Сердарот“, по што следеше и традиционалната „ Прличева визита“.

Беседите завршуваат со Свечената приредба по повод патрониот празник  на ОУ „ Григор Прличев“ . Со пригодна свеченост , својот патронат вчера го прослави и подрачното училиште „ Григор Прличев“.

OhridNews