Црвен крст Охрид ќе биде домаќин на промоцијата на музичкиот албум „Ретро перспектива“ на младата битолска џез и поп пејачка Стефанија Милевска. Овој невообичаен и интересен музички перформанс ќе го збогатат со својот настап на знаковен јазик и штитениците од Заводот за оштетен слух и говор во Битола, како и неколку денс студија од Охрид.

Промоцијата ќе се одржи, денеска, 9- ти ноември, во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 18 часот. Влезот е слободен.

Од општинскиот Црвен крст информираат дека на влезот во големата сала ќе бидат поставени собирни каси во кои ќе се собираат доброволни прилози за помош во лечењето на нашиот сограѓанин, 30-годишниот Марјан Вељаноски. Во договор со пеачката Стефанија, и дел од средствата од продажбата на нејзиното ЦД, ќе бидат наменети за лечењето на Марјан.

 

OhridNews