Во месноста „ Дупки“ во близина на реката Сатеска кај струшкото село Дрслајца, вчера околу 17 часот, од страна на случаен минувач бил пронајден леш, за што веднаш била информирана полицијата која излегла на местото на настанот.
– Пронајдениот леш бил во фаза на распаѓање. Истиот е подигнат и по наредба на јавен обвинител е испратен на Институтот за судска медицина во Скопје со цел утврдување на причините за смртта и идентификација, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Од СВР Охрид засега не соопштуваат повеќе детали за случајот и дали евентуално истиот има некаква поврзаност со исчезнувањето на 27-годишниот жител на Велешта, инаку вработен во општина Струга. Тој се води за исчезнат од 6—ти февруари, а неговото возило неколку дена подоцна беше пронајдено во близина на автобуската станица во Дебар.
Општина Струга, се уште се нема огласено во врска со немилиот настан. кој ја вознемири јавноста.
OhridNews














