Првото бебе родено во оваа 2015 година во Охрид е машко. Се роди попладнево во 17.40 часот на гинеколошкото одделение при општата болница во Охрид. На свет го донесе мајката Маја Прангоска, а породувањето по природен пат го изврши Д-р Ѓорѓи Танески, акушерка беше Марија Алексиоска. Бебето тежи 3520 гр. и долго е 51 сантиметар. Породувањето минало во најдобар ред, а мајката и бебето се чувствуваат добро, информираат од охридската болница.

Мајката и новороденчето вечерва ќе ги посети градоначалникот Бакрачески, кој на среќното семејство од име на општината ќе му подари чек на износ од 10.000 денари.

Инаку првото бебе во Македонија е женско и е родено во 00,01 минута во Клиниката за Гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар во Скопје. Девојченцето е тешко е 3.550 грама и долго 51 сантиметри, од мајка Оливера Лазарова , на која ова и е трето дете. 

OhridNews