За жал од СДСМ и денес докажаа дека никогаш не станаа свесни колку го презадолжија Охрид и училиштата , никогаш не се засрамија од криминалните дела и пустошот што го оставија во градов, па наместо да бидат благодарни на домаќинското работење на локалното раководство од ВМРО-ДПМНЕ , се дрзнаа истото да го критикуваат, се наведува во реакцијата од општинската ВМРО- ДПМНЕ по дописот од СДСМ околу состојбата во која се наоѓа образованието во Охрид.
– Градоначалникот Никола Бакрачески мандатот го презеде со енормен долг во образовните институции од 77 милиони и 371 илјади денари. СДСМ во свој стил , неаргументирано напаѓаат и денес и проблемите ги лоцира во блок- дотациите за образованието. Блок- дотациите, според висината на износите се еднакви. Значи износот на блок- дотациите што ги добивал претходниот градоначалник, се добиваат и сега. Но, разликата во распределбата на средствата е одредена од начинот на работење, односно за разлика од претходниот, сегашниот градоначалник работи домаќински, велат од ОК на ВМРО- ДПМНЕ .
Оттаму додаваат дека градоначалникот Бакрачески по преземањето на функцијата наметнал нови критериуми на домаќинско работење, при што се донесени нови протоколи за работа, а новото локално раководство во текот на изминатата година и половина главните заштеди во блок- дотациите ги прави со домаќинско трошење на нафтата, електричната енергија и превозот на учениците.
Реакција и од општина Охрид
Долгот во образованието се менува секој ден и колку и да плаќаме ние од старите долгови, кои СДСМ Охрид ги остави во износ од над 77 милиони денари, редовно стигнуваат нови извршни судски пресуди со нови милионски суми за исплата, се наведува во реакцијата на општина Охрид.
„Дали СДСМ Охрид во предизборни цели прими на работа шеесет лица во образовни установи, и нив ги излажа и не им исплати плата, па сега новата власт предводена од градоначалникот Бакрачески ќе исплати над 3 милиони денари за хонорари и плати на овие 60 од страна на СДСМ измамени лица. СДСМ Охрид треба да одговори пред јавноста како додека беше на власт систематски ги опустоши училиштата, не исплаќајќи сметки за вода, струја, ѓубретарина и плати, за денес од како народот ги смена од власт, да ликуваат и да ги критикуваат напорите, на актуелното раководство, да ги санира финансиските катастрофи кои СДСМ Охрид им ги остави на граѓаните.“ – велат од општина Охрид.
OhridNews