Бараме од СДСМ јавно да им се извинат на охриѓани затоа што со самиот факт што за нив не се важни патиштата , улиците и другите проекти од инфраструктурата кои Општина Охрид ќе ги гради со средства од Светска Банка, а кои се однесуваат за доброто на Охрид и охриѓани, директно ги навредуваат нив, се наведува во реакцијата на општинската ВМРО- ДПМНЕ по денешната прес конференција на ОО на СДСМ.
– Додека од СДСМ критикуваат се што се прави за подобар Охрид подобро е да се запрашаат и замислат , зошто во нивно време, односно минатото локално раководство не успеало да создаде никакви реални услови за добивање средства од Светска Банка и отпочнување конкретни проекти? Нека се запрашаат зошто во Општина Охрид не била затекната ниту една постапка која што била блиска до создавање услови за добивање средства од оваа реномирана институција , односно зошто комплетно не бил завршен ниту еден проект . И не само тоа , впрочем и не финализирањето на проектите од времето на СДСМ доведоа до голем број судски спорови кои што денешното локално раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги решава, велат од ВМРО- ДПМНЕ.
Од локалната самоуправа објаснуваат дека финансирањето на капиталниот инвестиционен проект после донесена Одлука од совет ќе се направи по пат на долгорочно домашно задолжување на општината, преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги(МСИП) финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, во висина од 127,053,724 денари со ДДВ под следниве услови: рок на отплата: 13 години, грејс период: 3 години, Годишна рата од 12,705,372 МКД , а последниот датум на отплата на заемот нема да биде подоцна од 15.02.2030 година.
– Предвидената каматна стапка се променува на дневна основа и доколку тоа се провери може да се види дека денес истата изнесува 1,22 % со тоа што во претходните години истата никогаш не надминала износ од над 2 %.Бидејќи долгорочното задолжување на општината ќе се реализира со каматна стапка од шест месечен EURIBOR со варијабилен распон кој никогаш не надминува 2 % , споредено со финансиската проекција од ПАД – от далеку од очигледно е дека проектот е финансиски оддржлив и дека ова задолжување е добредојдено за општина Охрид . Хипотетички доколку денес требаше да се плати рата од кредитот , каматата на доспеаната рата ќе изнесуваше 1,22 %, велат од локалната самоуправа .
Оттаму,ги наведуваат проектите кои ќе се реализираат со кредитот, меѓу кои: за изградба на кружен тек на две постојни крстосници на булеварот Туристичка, , рехабилитација на пет локални улици и два локални патни правци како и изградба на атмосферска канализација на улицата “Васил Стефоски“. Со проектот ќе бидат опфатени и повеќе други улици, како и набавка на 5 комунални возила за ЈП Охридски Комуналец.
OhridNews