Во претпознатлив стил на популистичко и недемократско владеење , ВМРО- ДПМНЕ , преку нивниот Општински комитет во Охрид, преку секојдневните прес- конференции , го дефокусира вниманието на јавноста од суровата реалност во која живеат граѓаните. За таа сурова реалност и растечката сиромаштија виновна е нивната централна власт , за која поважно е да го лаже, отколку да му помогне на обичниот граѓанин, стои во реакцијата од кабинетот на градоначалникот во врска со денес оддржаната прес конференција на општинската ВМРО- ДПМНЕ.
– Во текот на владеењето на ВМРО- ДПМНЕ , во изминативе повеќе од 6 години , струјата двојно поскапе , двојно поскапеа и основните прехрамбени и други производи , земјоделците со субвенциите дополнуваат само дел од зголемените цени на нивните трошоци , граѓаните се се посиромашни , а тие расипнички трошат големи пари да го лажат сопствениот народ. Власта на ВМРО- ДПМНЕ наместо да вложува во капитални објекти , таа постојано се задолжува за градење споменици и плаќање скапи реклами во медиумите, се наведува во реакцијата .
Реакција пристигна и од општинската СДСМ.
Во неа, меѓудругото, се наведува дека е нелогично и смешно високото раководство на СДСМ да се обвинува за непотизам, од партија на која непотизмот не и е непознат.
– Ако беше така, тогаш зошто ДПМНЕ на денешната прес конференција, не спомена ниту едно име од високото раководство на СДСМ, како на пример – претседателот на партијата Науме Јованоски, секретарот Ѓоко Танасоски или барем еден ‘член од Извршниот одбор на СДСМ. И со кое право ВМРО ДПМНЕ им го ускратува правото на работа на граѓаните, без разлика на партиска припадност, кое со уставот им е гарантирано. Ова што ВМРО-ДПМНЕ од Охрид го кажува на денешната прес конференција е папагалско повторување на небулози и невистини, кои заради партиски интереси се пласираат во јавноста, се наведува во реакцијата од СДСМ.











