Средовечна жена од Демир Капија си го одзеде животот денеска препладне во Охрид. Самоубиството се случило на булевар Туристичка во непосредна близина на Охридска банка, кога жената од непознати причини скокнала од четврти кат.

Според неофицијални информации жената престојувала на гости кај свои роднини во Охрид, но сеуште не се познати мотивите за самоубиството.

Од СВР Охрид го потврдија настанот и информираа дека се работи на целосно расветлување на случајот.

OhridNews