Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ – Охрид, вчера се обиде да даде реакција на нашата вчерашна пресс конференција. Во отсуство на факти, лаги и инсинуациии, во отсуство на безидејност, најверојатно, најлесно им беше да направат само copy-paste на нешто што веќе е објавено, мислејќи при тоа дека повторената лага станува вистина. Ама тоа нема да им помине кај охриѓани кои најдобро знаат како се живееше кога СДСМ беше на власт, а како се живее ( преживува денес, кога ДПМНЕ ја практицира власта, се вели во дописот од општинската организација на СДСМ.

– ДПМНЕ направи Охрид да биде слепо црево во државава, а со тоа и на Балканот и Европа, зошто ниту еден приоден пат било преку Кичево, било преку Битола, не е како што треба. За да се дојде до Охрид, навистина треба да бидеш вистински мајстор за да ги избегнеш многубројните дупки и одрони, за да не го искршиш возилото и безбедно да стигнеш до градот толку посакуван од сите. Затоа со право прашуваме- зошто ДПМНЕ не ги исполни предизборните ветувања, велат од ОО на СДСМ.

Прашуваат каде е новиот Автопат од Гостивар до Охрид, автопатот од Ресен до Охрид, регионалниот пат Охрид -– Свети Наум, каде се светските хотелско- туристички брендови, додавајќи дека Охрид повеќе од две години е без здравствена заштита.

На соопштението на СДСМ реагираше ОК НА ВМРО ДПМНЕ.

-Безпотребно е да се коментира изразот на пропаѓање и фрустрација на СДСМ во Охрид излеан во некакво политичко соопштение. Мислевме дека имаме сериозен партнер во политичката борба за вистината и ставовите. СДСМ 8 години со своите одлуки го уништува Охрид.Тоа е факт и тука нема што да се коментира. Уште само неколку месеци и ќе завршат најцрните 8 години во историјата на Охрид предводени од неспособниот СДСМ и неспособниот нивни Градоначалник.За кривичните,корупцијата и криминалот кои СДСМ ги официјализира како вредност во Охрид,другите ќе ценат, стои во реакцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

OhridNews