
Но, покрај ова активности има и на копно на делот за закотвување пловни објекти. Неофицијално станува збор за реконструкција на стариот док, за што наводно биле обезбедени потребните дозволи, но засега и покрај нашите обиди не успеавме да добиеме потврда на ваквата информација од Управата за животна средина, која, како што ни беше кажано од претставници на Министерството за животна средина е надлежна во вакви случаи.
Ова не е прв пат да се изведуваат зафати во каналот Студенчишта каде се изградени повеќе мали марини за закотвување на пловни објекти. Во недостиг на вистинска марина, каналот со години нанзад служи за закотвување на пловните објекти, за разни поправки, па дури и за изградба на бродови. Екологистите реагираат дека сето тоа негативно влијае на животната средина, а зголемениот број пловни објекти во каналот се поврзува и со се почестите еколошки инциденти.












