Здравствената состојба на фудбалерот на Болтон, Франсис Муамба е влошена и тој е “критично болен“ велат од лондонcката болница, каде се наоѓа на интензивна нега.


Веднаш по колабирањето на теренот на мечот против Тотенхем поранешниот младински репрезентативец на Англија беше пренесен во болница.

Играчот од средниот ред колабираше во 41 минута од мечот, по што судијата Хауард Веб одлучи да го прекине натпреварот.

Ohridnews