Седум лица се повредени во сообраќајната несреќа што попладнево се случи на  магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на црквата Св. Еразмо. Четворица од нив поради сериозноста на повредите се пренесени на скопските клиники.

Како што информираат од охридската полиција, во несреќата учествувале три возила. Според првичните информации од истрагата до незгодата дошло кога патничко моторно возило Форд Фокус со охридски регистарски таблички кое се движело од Охрид кон Кичево излегувајќи од кракот на клучката на излезот од Охрид, во намера да се вклучи во магистралниот пат изгубило контрола и преминало на спротивната коловозна лента и се судрило со Фиат Сеиченто со прилепски таблички, се извртело и удрило во уште едно возило марка Форд кое се движело во правец на Охрид.

Поради несреќата, извесен период сообраќајот на магистралниот пат Охрид – Кичево беше пренасочен по стариот пат Охрид- Струга.

OhridNews