Судбината на македонската ракометна репрезентација за пласман на Европското првенство во Данска е во рацете на Светскиот првак Шпанија, која на гостински терен ќе се сретне против Португалија.


Со победа на “црвената фурија“ против Португалија, избраниците на македонскиот селектор Ивица Обрван ќе мора да ја совладаат најпрвин Швајцарија на гости, а потоа и Португалија на домашен терен со било каква предност, за да обезбедат пласман на Европскиот шампионат. Во случај на нерешен исход во ибериската пресметка, на Македонија покрај победа над Швајцарија на гости ќе и треба и домашна победа над Португалија со повеќе од седум голови разлика. Во случај на победа на Португалија над Шпанија Македонија ги губи шансите за пласман на ЕП.

– Ние сме професионалци и на секој натпревар одиме на победа. Без разлика каков е тимот и кој ќе игра, а кој не, ние како светски првак имаме должност да победиме на секој натпревар –
рече Канелјас поранешниот соиграч на Лазаров во Атлетико Мадрид.

Преостанати натпревари:

12.06.2013 Швајцарија – Македонија (20ч.)
12.06.2013 Португалија – Шпанија (21.30ч.)
16.06.2013 Шпанија Швајцарија (13ч.)
16.06.2013 Македонија – Португалија (20.30ч.)

Мх.П.