13.15 Силен удар со градите во воланот што предизвикало внатрешно крварење, според првичните информации од обдукцијата е причината за смртта на сопственикот и уредникот на неделникот и дневниот весник Фокус Никола Младенов. Од Основниот суд Скопје 1, се уште се врши вештачење на автомобилот и се утврдуваат причините за сообраќајката.

Младенов загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи во средата вечерта на патот Велес-Скопје, на клучката кај Хиподром. Потрагата по телото на Младенов започнала во 9.30 часот откако неговата сопруга пријавила дека го нема.

Автомобилот Мерцедес беше извлечен дури синоќа околу 20 часот, а телото на Младенов беше предадено во судска медицина за обдукција.

Според првичните информации, автомобилот ја пробил банкината на патот и излетал во ендек, но се уште не се познати точните причини за сообраќајката.

OhridNews
извор:„Макфакс“