Според податоците на Европско- медитеранскиот сеизмолошки центар, во 15.10 часот регистриран е силен земјотрес на македонско-косовско-српската граница со јачина од 5.2 степени според Рихтер и длабочина од 4 километри. Епицентарот на земјотресот бил на 6 километри источно од Скопје, односно 7 километри северо-источно од селото Сопиште.

Земјотресот беше почувствуван и во Охрид.

Утрово околу 7 часот беа регистрирани низа земјотреси од кои најсилниот со јачина од 3.8 степени со епицентар  на 6 километри источно од Скопје, во Косово.