На денешната прес-конференција специјалната јавна обвинителка Катица Јанева соопшти дека СЈО отвора нов предмет под називот „Тврдина“, кој се однесува на заштита на приватноста со нелегално прислушување. Јаневска повика секој кој поседува незаконски стекнати аудио записи да ги достават до СЈО. Истрагата опфаќа сегашни и поранешни фукционери.

Тројца осомничени се началници на оддели во УБК, затоа што уништиле два система за следење на комуникациите, а осомничена е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловака. Таа во првата половина на 2015 дозволила уништување на системи за следење на комуникациите како застарена опрема. Висината на материјалната штета се проценува на 10 милиони евра. Опремата била однесена на отпад на 2-ри март 2015.

Како што рече обвинителката Ленче Ристовска, Јанкуловска извршила кривично дело злоупотреба на службената положба за што според КЗ следува казна од 5 до 20 години.

За дел од осомничените СЈО од судот ќе побара да биде изречена забрана за напуштање на живеалиште и да им биде одземена патната исправа, со обврска редовно да се јавуваат во судот.

OhridNews
извор Телма