СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35-годишно лице од село Д.Средоречие, за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“. Додека вработен како референт по возила во СВР Охрид бил на работно место во канцеларија во Центар за возила Охрид, го забележал пријавениот и на истиот му укажал да направи А тест на товарно моторно возило, бидејќи истото не било по облик специјална-машина за бетон, туку била машина кипер.

На ова, пријавениот недолично му возвратил и почнал да му се заканува, а потоа се затрчал кон него и физички го нападнал удирајќи го во пределот на градите.

OhridNews