Богатата програма „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“ во организација на локалната самоуправа привршува. Вечерва на главната сцена на градскиот плоштад ќе настапи познатата македонска група „Фолтин“ со што се заокружуваат деновите на забава, концерти, настапи на познати музички имиња по повод новогодишните, божикните празници, Стара Нова година, Водици.


Во изминатите денови на сцената на градскиот плоштад настапија Љубојна, Сергеј Четковиќ, Суперхикс, Бени, Ѓоко Танески, Даниел Кајмакоски и многу други музички имиња.
OhridNews












