Кандидатот за градоначалник од коалицијата „Сојуз за иднината“ за општина Охрид, Александар Петрески, на гласачкото ливче на Локалните избори на 24 март, ќе се наоѓа под реден број 42. Под истиот реден број ќе се најде и поднесената листа со кандидати за членови на советот од коалицијата.

Ова беше утврдено на денес извршената ждрепка на јавна седница на Државната изборна комисија, со цел утврдување на редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за Локалните избори 2013 година, а која се однесуваше исклучиво на политичките партии кои поднеле  листи за членови на совети и на кандидати за градоначалници во дополнителниот рок и кои не учествуваа на претходната ждрепка.

Советничката листа на „Сојузот за иднината“ во општина Струга, на гласачкото ливче  ќе биде под реден број 35. Под истиот реден број, за кандидатот за градоначалник и за советничката листа на „Сојузот за иднината“, ќе се гласа и во општина Дебрца .

За поднесената листа на кандидати за членови на советот од Либералната партија во општина Охрид ќе може да се гласа под реден број 118. 

OhridNews