Во моментов нема потреба од воведување вонредна состојба во земјата за справување со корона вирусот, изјави претседателот Стево Пендаровски, по состанокот на националниот Совет за безбедност, што се одржа попладнево во неговата резиденција на Водно во Скопје.
Министерот за здравство Венко Филипче на состанокот детално ја елаборилал целокупната ситуација и мерките кои се преземаат. Тој го презентирал планот за ангажирање на целокупниот здравствен потенцијал на земјата, по што било заклучено дека поставеноста на државата во овој момент е соодветна на ризиците на кои сме изложени, согласно стандардите на Светската здравствена организација.
Ако има потреба, а според проценките извршени денес нема потреба, можеме да прогласиме кризна состојба и во други општини освен во Дебар и Центар Жупа. Но заклучивме дека нема потреба да избрзуваме со воведување вонредна состојба, бидејќи во овој момент не сме изложени на таква опасност. Соте надлежни институции деноноќно ја мониторираат состојбата на територијата на целата земја и второ кризата не е тука за кратко и ќе замине за недела или две и затоа ние мораме соодветно да ги користиме нашите ресурси. – истакна претседателот Пендаровски.

Сакам да упатам апел и до нашите државјани без потреба да не патуваат надвор, особено во земјите со висок и среден ризик од овој аспект. Би сакал да упатам апел и до нашите кои живеат во странство, не можеме повеќе од тоа, до нашите граѓани кои работат во другите европски држави и светот, а над 150 се зафатени со овој вирус, без поголема потреба да не се враќаат во својата земја. Тие имаат право да го сторат тоа, меѓутоа секој трансфер преку неколку граници или територии може да ги донесе во контакт со лица кои го носат вирусот со себе и несакајќи да го рашират. – апелираше Пендаровски.
Претседателот најави дека Советот за безбедност ќе се состанува во континуитет најмалку еднаш во денот, ќе одржува седници и ќе препорачува тоа што е во негова надлежност. Вечерва итна седница ќе одржи владата, која може да донесе и друг сет на мерки, додаде Пендаровски.
Одговарајќи на новинарско прашање во што всушност се разликуваат мерките кои се на сила од тие при вонредна состојба, Пендаровски појасни дека Македонија во однос на соседите кои прогласија таква состојба е значително понапред во мерките кои ги презема, а кои според него се прилично ригидни. Сепак Владата може да донесе и други дополнителни и рестриктивни мерки и ограничувања.
Во тој контекст можно е Владата без да прогласи вонредна состојба да го ограничи движењето од една во друга општина внатре во земјата. Значи прилично се ригидни мерките без оглед како се нарекуваат. – додаде Пендаровски.
Запрашан колкави се стоковите резерви на земјата, Пендаровски истакна дека Владата ја следи таа состојба на дневна основа, посочувајќи дека земјата во моментов има енергенти на залиха за 4 месеци. Што се однесува до границите и протокот на луѓе и производи, Претседателот рече дека граничните премини остануваат отворени за транспорт на потребните намирници како лекови, храна и слично.
Тој им оддаде признание на медиумите за професионалното информирање, посочувајќи дека незначителен е бројот на тие што ја користат ситуацијата за пласирање лажни вести.

Собранието е во постојано заседавање и оттаму доколку е потребно тоа може да заседава и да донесе одлука за одложување на изборите, особено во ситуации на криза, каква што имаме, рече Пендаровски.
Г.М.
?ВО ЖИВО | Изјава по Советот за безбедност на која што се разгледуваше состојбата со коронавирусот
?ВО ЖИВО | Изјава по Советот за безбедност на која што се разгледуваше состојбата со коронавирусот
Geplaatst door Stevo Pendarovski op Maandag 16 maart 2020
Поврзани вести:
Фото: Почна состанокот на Советот за безбедност, сите членови скенирани заради корона вирусот













