Прво издание на Стартап Викенд Охрид во просториите на универзитетот „Свети Апостол Павле“ ќе се одржи од 15 до 17 април. Ова е идеално место да се поврзат млади луѓе со пасија да креираат и иновираат нешто ново, а и не постои подобро место за запознавање на пријатели и идни колеги, ментори и инвеститори, велат од универзитетот.

Стартап Викенд e глобален настан/хакатон кој има за цел да ги потикне младите професионалци, фриленсери и стартап ентузијасти на една локација да оформат тим со кој ќе развијат бизнис идеја од концепт до прототип во рамки на 54 часа односно еден викенд. Учесниците оформуваат тим во кој заедно реализираат и тестираат идеја, проект на кој ќе работат, потенцираат од универзитетот.

Тимовите, додаваат, ќе ги доразвијат своите идеи со подршка на над 30 ментори (Стартап основачи и експерти) и ќе го претстават својот концепт пред жири од истакнати ИТ професионалци, бизнисмени и инвеститори.

По успешна реализација на 10 изданија на Стартап Викенд Скопје, тимот кои стои позади Стартап Македонија, поддржан од тимот на Стартап Викенд Скопје и голем број на стратап основачи и стартап ентузијасти ќе го организираат првиот стратап викенд во Охрид со цел да се даде можност за вмрежување на новата генерација на млади професионалци, иноватори и стартап ентузијасти и шанса за развој и лансирање на својот стартап во Македонија, додаваат од универзитетот.

На Стартап Викенд Охрид може да учествува секој со идеја или без идеја, студент или професионалец, млади луѓе со искуство или без, но има само 50 слободни места, па од универзитетот информираат дека секој кој сака да биде дел од истиот ќе биде потребно да го резервира своето место на следниов линк.

OhridNews