По земјотресот со јачина од 5,3 степени според Рихтер што попладнево го погоди Скопје, лекарска помош побарале стотина граѓани. Најголемиот дел од нив се здобиле со полесни повреди во панично бегство од земјотресот, а регистрирани се и случаи на скршеници.

Исто така, пријавени биле оштетувања на педесеттина објекти.


Земјотрес со јачина од 5.3 степени по Рихтер го погоди Скопје

Скопските медиуми јавуваат дека поради земјотресот евакуирана била државната болница, а затворени се и трговски центри. Oдложена е скопската премиера на филмот „Ослободувањето на Скопје“, што требаше да се одржи во киното „Милениум“ поради оштетување на плафонот во кино салата. Информацијата за медиумите ја потврдија од продукцијата на филмот.

Земјотресот кој беше почувствуван речиси во целата земја, предизвика паника помеѓу скопјани кои попладнето во најголем дел го минаа надвор од своите домови. 

OhridNews