Ракометниот клуб Струга бараж натпреварот со Металург 2 за влез во Супер лигата ќе одигра в сабота со почеток во 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци.
Стружани во Првата лига завршија на втората позиција, додека младите „металурзи“ финишираа на претпоследната позиција во плејаутот во Супер лигата.
Победникот од овој дуел ќе ги комплетира суперлигашите за следната сезона.
OhridNews