Последниот шампион на Европа, Франција и претпоследниот кошаркарски владетел Шпанија ја сочинуваат една полуфинална двојка на Евробаскетот.
Двократниот првак Шпанија пласман меѓу најдобрите четири селекции на стариот континент избори по победата во дербито со Грција 73-71 во четвртфиналето.
Селекцијата домаќин Франција едно полувреме бараше начин да го скрши отпорот на Латвија која на моменти имаше водство и од 10 поени.
На крајот од натпреварот „триколорите“ забелажаа убедлив триумф славејќи со 74-60 со што го продолжија походот кон одбраната на трофејот.
Другата полуфинална двојка ќе се комплетира во среда по дуелите Србија – Чешка (18:30ч) односно Италија – Литванија (21ч).
Мх.П.












