Со свеченост на која присуствуваа голем број граѓани, во употреба беше ставено лизгалиштетот на мраз во центарот на Охрид.
Обраќајќи се на свеченоста, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, истакна дека лизгалиштето на мраз претставува дополнителна туристичка атракција за новогодишните и божиќните празници.
„Се надевам дека ние како општина, заедно со јавните претпријатија и сите луѓе кои го сакаат Охрид, ќе успееме и во овие зимски месеци да го направиме привлечен градот како за неговите жители така и за гостите. Во наредниве денови ќе имате можност да се забавувате и рекреирате со содржини со кои се надевам ќе ги развеселиме и стоплиме вашите срца. Лизгалиштето ќе биде дополнителена можност за младите да се дружат тука, да се забавуваат, да се рекреираат и да спортуваат. Овој проект е можност за оние кои претходно научиле да лизгаат, вечерва и во наредните недели тука да уживаат, однoсно оние кои што до сега не научиле, да ги направат своите први чекори.“ – рече Бакрачески.
Настанот беше надополнет со настап на македонската поп ѕвезда, Ламбе Алабакоски, а претходно во рамки на новогодишната програма на градскиот плоштад настапија учениците од „Братство Единство“ и „Григор Прличев“.
Лизгалиштето ќе работи секојдневно до крајот на месец јануари, односно се додека тоа го дозволуваат временските услови.
Пуштено во употреба лизгалиштето на градскиот плоштад
O.T.
фото:Емилио