Фаќачот на крстит од претседателот на државата, на подарок доби икона од
манстрирот Зрзе, а кумот на Водици, бизнисменот Ванчо Чифлиганец на
пригодна свеченост што ќе се одржи вечерва, на Топенчаров ќе му врачи
реплика на крстот кој се фрла во езерските води од сребро и злато, како
и други подароци.
– Желба ми е да бидеме сите среќни, здрави живи и обединети околу Република Македонија, а во тоа верувам, изјави кумот на Водици, Чифлиганец
На овогодинешнатата манифестација присуствуваат над 20 илјади посетители, меѓу кои и бројни гости од другите градови од земјава и соседните држави.
Меѓу оние кои скокаа по крстот годинава беа и еден Англичанец, новинар на Би -Би-Си, Украинец и еден државјанин на Република Чешка. Заедно со момчињата се капеа и осумдесетина девојки.
На манифестацијата по повод Водици што се одржа на градското пристаниште присуствуваа и голем број туристи, меѓу кои дел и од далечниот истиок.
-Една од основните цели е оваа манифестација да премине во централна прослава за целото православие не само за Македонија, изјави градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.
Свеќеностите по повод богојавленските празници во Охрид продолжуваат утре со традиционалното зимско капење на рибарите.
Бог се јави – За многу години!