Војникот кој се здоби со тешки повреди при напад на талибанските бунтовници што утрово се случи во Кабул, Авганистан, им подлегнал на повредите, пренесуваат хрватските медиуми. Во нападот повредени се уште  двајца хрватски војници, соопшти Министерсвото за одбрана на Хрватска.

Кабул – Авганистан

Повредените војници се вон животна опасност, изјавил хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстичевиќ.

Нападот се случил утрово околу 8.45 часот. Во хрватските сили кои се движеле со три возила одненадеж се забил мотор триколка со бомбаш самоубиец. Доколку возилото во кое се наоѓале војниците не било блиндирано последиците ќе биле уште потешки, информираат хрватските власти.

Хрватските сили во Авганистан учествуваат во мисија во рамки на меѓународниот мировен контингент, во кој има и војници од нашата земја.

OhridNews