12.20. Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека отвора два нови случаи.

Првиот е ”Топлик” и се однесува на наводни злоупотреби при реализација на постапката за проектот ”Сончев град” при што постои сомневање за злоупотреби во министерствотото за транспорт и врски во висина од 1.4 милиони евра.

Вториот случај се однесува на неправилности во тендерските постапки при реализација на проектот ”Скопје 2014”.

Специјалното јавно обвинителство досега има поднесено две обвиненија, едното за насилните протести пред општина Центар, каде првообвинет е поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешниот Министер за транспорт и врски, Миле Јанкиески кои се товарат за поттикнување на насилство. Другото обвинение е покренато за уништување на документи за работата на Системите за следење на комуникациите, а првообвинет за ова е шефот на петтата управа, Горан Грујевски. Отворени се голем број истражни и предистражни дејствија за многу случаи, но досега никој од функционерите не заврши во притвор, освен битолскиот градоначалник, Владимир Талески кој беше во куќен притвор.

OhridNews